(Видео) Повторно отворена плажата на Закинтос по одронот

Крајбрежната стража на Закинтос соопшти дека денеска популарната плажа Навагио на островот ќе биде отворена за јавноста.

Тие најавија дека на сите видови пловни објекти ќе им биде забрането да се приближуваат или усидруваат крај брегот, пренесе новинската агенција „АНА“.

Одлуката е донесена откако вчера седум лица беа повредени при одрон на карпа на плажата.

Меѓу повредените е 34-годишна државјанка на Чешка, која има фрактура на пршленот, нејзиниот сопруг и двете деца, кои се хоспитализирани со полесни повреди. Другите три лица кои завршија со повреди беа пуштени од болница.

Локалните медиуми пренесоа изјави на очевидци дека големата карпа паднала во морето и создала голем бран што ги потопил малите бродови.

Според зборовите на сопствениците на приватните бродови, за време на одронот се наоѓале три брода со патници на тоа подрачје.

„Слушнавме звук и помал дел од карпата падна во морето, потоа падна друг дел и на крајот трето големо парче кое предизвика бранови“, рече неименуван сведок за агенцијата „АНА“.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари