(Видео) Полицијата се судри со демонстрантите во Солун

За време на протестите што почнаа вечерва во Солун против договорот за спогодба на Македонија и Грција, полицијата се судри со демонстрантите. Уште на почетокот на протестите, полицијата исфрли солзавец кон насобраната толпа но протестите продолжија.

Протестите ги организираат грчките „Панмакедонски здруженија“ и „Комитетот за борба за Македонија“.

Демонстрантите се собраа пред Белата кула во Солун, а протестираат  низ улиците во обид да  стигнат до објектот каде што се одржува Меѓународниот саем и каде говор ќе одржи грчкиот премиер.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари