logo
logo
logo

Белград

Видео од ПЕКОЛНАТА ЖУРКА по која 16 малолетници завршија ОТРУЕНИ! Сепарињата ги резервирале родителите?!

Vecer | 24.06.2021

Видео од ПЕКОЛНАТА ЖУРКА по која 16 малолетници завршија ОТРУЕНИ! Сепарињата ги резервирале родителите?!

Информацијата дека после синоќешната журка на Ада Циганлија 16 малолетници завршија на ВМА во бесвесна состојба, а по еден се трагаше и се мислеше дека се удавил, ја вознемири јавноста во Србија. На журката по која се приведени менаџерот и келнерите од клубот во кој се случила забавата имало повеќе од 1000 млади луѓе на возраст од 16 до 20 години.

Во прв момент постоеле сомнежи дека децата биле отруени со нешто што им било ставено во пијачките, но подоцна се покажало дека едноставно се отруле со алкохол. Влезниците за забавата чинеле околу 10 евра со вклучено неограничено пиење. Во српските медиуми се појави информацијата дека сепарињата со по три шишиња вотка ги изнајмувале родители.

Снимки од забавата на Ада веќе кружат по социјалните мрежи.

Инаку, според членот 24 од Законот за заштита на потрошувачите пропишана е забрана за продажба, послужување и подарување алкохолни пијалаци, вклучително и пиво, на лица помлади од 18 години. Со членот 160, пак, пропишана е казна за правното лице кое продава, служи и подарува алкохолни пијалаци, вклучително и пиво, на лица помлади од 18 години, а изнесува од 300 000 до 2 000 000 динари, за одговорното лице казната е од 50 000 до 150 000 динари, а за фирмата од 50 000 до 500 000 динари.

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk