logo
logo
logo

Видео: Над 50 лица повредени во инцидентите на северот на Косово

Vecer | 29.05.2023

Видео: Над 50 лица повредени во инцидентите на северот на Косово

Како што наведуваат, шок бомби летаат на сите правци и се слуша пукање, а нападот го извршил КФОР.

Најмалку двајца Срби се ранети, од кои еден млад човек е тешко повреден од огнено оружје, откако припадниците на КФОР употребиле шок бомби, а со огнено оружје пукале и припадници на косовската полиција, јавува Косово онлајн.

Двајцата повредени веднаш се пренесени во КБЦ Косовска Митровица. Нападот се случил откако припадници на мисијата на НАТО ги нападнале Србите кои мирно седеле пред општина Звечан.

КФОР тргнал против народот со сила, користејќи палки, шок бомби и солзавец. Запален е и приватен автомобил.

Доктор Златан Елек, директор на КБЦ во Косовска Митровица, за „Новости“ вели дека повеќе од 50 граѓани дошле во оваа здравствена установа со повреди од шок бомби, гумени куршуми и боева муниција, откако Србите собрани во Звечан биле нападнати од КФОР и косовската полиција. Еден маж моментално е во операциона сала и лекарите се борат за неговиот живот. Според нивните информации тој има прострелна рана во пределот на карлицата. Едно лице кое е тешко повредено во моментов е на дијагностика. А, меѓу повредените е и доктор Драгиша Миловиќ, претседателот на општина Звечан, кој беше погоден во пределот на градниот кош, но не се знае од што.

Припадниците на КФОР се обиделе насилно да ги вовлечат претставниците на Српската листа во својот кордон, а потоа следеле шок бомби и бил фрлен многу солзавец. Чад ги покри улиците кои водат до општинската зграда.

Неколку амбулантни возила се паркирани во центарот и пружаат прва помош на повредени од солзавец.

Само неколку минути пред тоа, Игор Симиќ, претставник на Српската листа, ги повика граѓаните, кои се повеќе од илјада, собрани пред зградата на општината во Звечан, мирно да седнат на земја, со кренати раце. .

"Се тресам. Плачам. Очајни сме. Имаат долги цевки. Не натераа да трчаме. Не бркаа по улиците. Не пцуеја "Марш дома, бегај". Многу сум вознемирен. Ние излегвме и мирно протестиравме“, јави репортерот на „Новости“ од местото на настанот.

Извор: Б92

Вучиќ, одржа говор веднаш по инцидентите

Според српскиот претседател Вучиќ, кој одржа говор веднаш по инцидентите кажа дека во локалните Срби пукале припадници на косовската полиција, а  не припадниците на КФОР. Вучиќ кажа дека директно одоговорен за инцидентите и Албин Курти. Дополнително српската аримија вечерва заземала нови позиции во близина на границата со Косово.

Инаку, инцидентите започнаа од петокот, откако градоначалниците албанци требаше да стапат на функција во северно Косово. Србите ги бојкотираа изборите. Западот повика на деескалација. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk