( Видео) Инвазија од стршени во Хрватска

Далмација ова лето ја погоди вистинска инвазија од стршени.

Како што објавија од порталот „Далмација денес“, ова лето е забележан  голем број на овие опасни инсекти по должината на далматинскиот брег, на островите и во внатрешноста на земјата. Стршените ги градат своите гнезда каде што ќе стигнат: во градините, дворовите, поткровјата, гаражите, а понекогаш и во самите куќи.

Божидар Жуљевиќ, претседател на триљското Здружение на пчеларите, потврди дека ситуацијата е опасна.

„Бидејќи имам заштитен костим, луѓето секојдневно ме викаат. На пример, денес по покана влеговме во куќа во Биско. Јас бев во придружба на локалните пожарникари, но во просторијата каде што се наоѓаше гнездо долго околу 80 сантиметри, влегов сам. Верувајте, не е лесно да одите во соба со околу 1.000 стршени, никогаш не знаете дали некој ќе ви се протне во ногавицта. Велат дека три убоди на стршен имаат ефект на каснување од змија. Со лопата го уништив гнездото“, изјави Жуљевиќ во интервју за „Далмација денес“.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари