(Видео) „Гардијан“: Хрватската полиција ги тепа барателите на азил

Британски „Гардијан“ објави снимка на која тврди дека се прикажани барателите на азил во Хрватска, и на која се гледало дека хравтската полиција ги тепа азилантите.

„Баратели на азил од Алжир, Сирија и Пакистан се обиделе да ја преминат границата меѓу Босна и Херцеговина и Хрватска, но ги задржала хрватската полиција. Барателите на азил велат дека биле брутално претепани, а потоа вратени”, пишува британскиот весник.

Другите медиуми, исто така, пишуваа за бруталноста на хрватската полиција на границата, додава во својот напис индекс.хр, кој ја пренесе веста на „Гардијан“.

На видеото прво се слуша гласот на еден од мигрантите кој вели дека хрватските полицајци ги тепале, а потоа се прикажува човек чие лице е прекриено со крв.

На крајот од септември и германскиот весник Ди Велт пишуваше за бруталниот третман на хрватската полиција против барателите на азил. Денешната политика на Хрватска спрема мигрантите се опишува слично како онаа на Унгарија, односно на Виктор Орбан, велат медиумите.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари