(Видео) Ципрас: Не очекувам предвремени избори поради несогласувањата околу договорот од Преспа

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас во својот три часовен говор за време на вториот ден од Меѓународниот саем во Солун изјави дека не очекува предвремени избори во земјата поради несогласувања кои се појавиле во владејачката коалиција поради договорот со Скопје за новото име на Македонија.

Ципрас рече дека не очекува коалициониот партнер, министер за одбрана и лидер на десничарската партија „Независни Грци“, Панос Каменос да ја наруши економската стабилност на Грција, објави „Ројтерс“.

Ципрас покрај својот говор цели три часа одговараше и на низа новинарски прашања. Тој меѓудругото во врска со договорот од Преспа посочи дека на Заев му посакува и се надевам дека ќе го добие референдумот.

Ципрас покрај тоа што изрази надеж дека референдумот во Македонија ќе биде успешен, изрази и убедување дека договорот, со мнозинство од пратениците ќе помине и во грчкиот парламент.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари