Весли Кларк до ЕУ и НАТО: Не чекајте Западен Балкан повторно да ескалира

Поранешниот командант на НАТО, Весли Кларк во текст во „Вашингтон пост“, пишува дека Балканот би можел повторно да стане кризен поради што САД и ЕУ мораат итно да реагираат. Тој текстот го почнува со потсетување дека поминале повеќе од 20 години, од преговорите со Ричард Холбрук за завршување на војната во Босна и Херцеговина, откако НАТО помагал да се стави крај на етничкото чистење на Косово.

„Денеска три западнобалкански земји (Хрватска, Албанија и Словенија“ станаа членки на НАТО. Хрватска и Словенија станаа членки и на ЕУ. Косово е сега независна нација“ напишал Кларк и додал дека поголем дел од Американците и Европејците сметаат дека бруталните конфликти се минато.

„За жал тоа е далеку од вистината. Постојаните политички конфликти од етно-религиозен карактер константно се закнуваат дека ќе метастазираат во меѓунационална криза, што регионот би го направило примарна цел за мешање на надворешни сили“ наведува Кларк.

Според него, Кремељ веќе одамна го зголемува своето влијание, работејќи на зголемување на анти-ЕУ и анти-НАТО ставовите. Покрај тоа, како што вели Кларк, Русите ги поддржуваат екстремистичките групи, ги поттикнуваат православните против муслиманските народи, свесно предизвикувајќи зголемување на тензиите, поради кои имаше војни на просторот на поранешна Југославија во 90-те години.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари