Вечерва продолжува дијалогот помеѓу Белград и Приштина во Брисел

Во Брисел вечерва под посредништво на Европската Унија ќе продолжат разговорите помеѓу Белград и Приштина, а претседателите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи пред состанокот ќе остварат одвоени средби со шефицата на дипломатијата, Федерика Могерини.

Според вчерашното соопштение од ЕУ со кое е најавен состанокот во Брисел, членките на Унијата очекуваат Вучиќ и Тачи да ја потврдат подготвеноста да ги интензивираат напорите за постигнување на правно обврзувачки договор за нормализација на односите, што Брисел го смета за суштински важно за понатамочниот европски пат на Србија и Косово.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари