logo
logo
logo

Вакцинирани, со антитела или негативен тест: Кој ќе може да патува во Грција ова лето?

Vecer | 09.03.2021

Вакцинирани, со антитела или негативен тест: Кој ќе може да патува во Грција ова лето?

Лицата кои се вакцинирани, имаат антитела или негативен тест за коронавирус ќе можат да патуваат во Грција ова лето, изјави грчкиот министер за туризам Хари Теохарис.

Туризмот е еден од главните извори на приходи за грчката економија, па затоа таа е меѓу земјите кои најмногу го притискаат Брисел да воведе сертификати за вакцинирање. Теохарис вели дека Грција планира да ја почне својата летна сезона во средина на мај.

„Грција е подготвена за лето 2021 со комплетен протокол. Туристите ќе бидат добредојдени ако пред доаѓањето се вакцинирани, имаат антитела или негативен тест за коронавирус. Туристите исто така ќе бидат подложени на тестирање по случаен избор“, кажа Теохарис во обраќањето на трговскиот саем „ИТБ“ во Берлин.

Грција има воведено карантин во неколку делови од земјата со цел да го спречи ширењето на коронавирусот откако зголемувањето на бројот на нови случаи значително го притисна здравствениот систем.

Денеска се регистрирани 3.215 нови случаи, најмногу од почетокот на годината, како и 46 починати од ковид-19. Ситуацијата е најтешка во регионот Атика, каде што се пополнети 90% од болничките капацитети.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk