logo
logo
logo

Ужас во Црна Гора: Со нож нападнал психијатар, зашто не му издал потврда за оружје

Vecer | 24.10.2024

Ужас во Црна Гора: Со нож нападнал психијатар, зашто не му издал потврда за оружје

Како што изјави за црногорските медиуми директорот на Општата болница во Плевља, Саша Грбовиќ, лекарот Илхан Турсумовиќ се здобил со убодна рана во пределот на стомакот и расекотини на рацете и градниот кош.

„Турсумовиќ не е во животна опасност и моментално му е укажана лекарска помош“, изјави Грбовиќ.

Според неофицијални информации Д.В. го нападнал невропсихијатарот бидејќи лекарот одбил да потпише лекарско уверение за носење оружје ден претходно.

Инцидентот го потврдила и црногорската полиција која преку соопштение наведува дека Д.В. „најпрво физички, а потоа со употреба на ладно оружје, нож, нападнал лекар во Општата болница Пљевља и го повредил во пределот на градниот кош.

Според статистиката на црногорското Министерство за здравство од август, дури 11 отсто од црногорските медицински работници биле изложени на физички напади од почетокот на годинава. Исто така, истото истражување покажало дека дури 95 отсто од лекарите од итната помош доживеале вербален напад.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk