Ужас во Бугарија: Татко си го полил четиригодишниот син со бензин и го запалил

Детето се здобило со изгореници на 80 отсто по телото и лекарите се борат за неговиот живот, јавува бугарската телевизија bTV.
Според бугарската телевизија, во моментов има две верзии за тоа што се случило.
Мајката во полиција изјавила дека таткото е виновен за несреќата, а таа не живеела со таткото на детето.