Утре седница на косовското собрание за демаркацијата

Собранието на Косово утре ќе оддржи седница на која ќе расправа и ќе одлучува за демаркацијата на границата на Косово со Црна Гора.

Приштинскиот весник „Зери“ кој се повикува на извори на парламентарните партиите на Косово пишува дека по неколкуте одлагања на точката околу демаркацијата на границата, сепак утре ќе се расправа по оваа значајно прашање за Косово. Истиот извор наведува дека и Владата на Рамуш Харадинај по преговорите со „Српската листа“ има надежи дека одлуката за демаркацијата на границата утре можно е да добие зелено светло односно да се ратификува Спогодбата за демаркација на границата на Косово со Црна Гора која веќе е потпишана од страна на претседателите на Косово, Хашим Тачи, и на Црна Гора, Филип Вујановиќ .

ЕУ и САД неколкупати побараа од раководството на Косово под итно да изврши ратификација на Спогодбата за демаркација на границата на Косово со Црна Гора. Сепак, досега на неколку наврати и покрај најавите за оддржување на седница за демаркацијата, седниците по оваа прашање беа одлагани, со цел, како што изјавуваше Харадинај, да се изврши ратификација со поширока согласност. /К.М.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари