logo
logo
logo

Уште 100.000 дози од Путин пристигнуваат во Србија

Vecer | 28.02.2021

Уште 100.000 дози од Путин пристигнуваат во Србија

Вечерва 100.000 нови руски вакцини „Спутник В“ ќе пристигнат во Србија и тие ќе бидат пренесени од аеродромот „Никола Тесла“ во институтот Торлак, а утре ќе започне нивната дистрибуција до центрите за вакцинација, изјави министерот за иновации и технолошки развој Ненад Поповиќ.

Како што беше соопштено од министерството, Поповиќ утрово телефонски разговарал со рускиот министер за индустрија и трговија Денис Мантуров, а во разговорот било потврдено дека „братска Србија останува приоритет во доставувањето на вакцините за Русија “.

„Ова е уште еден доказ дека секогаш можеме да се потпреме на нашите руски браќа и дека, како и многу пати досега во нашата историја, Русија никогаш не ја оставила Србија на цедило“, рече Поповиќ, додавајќи дека оваа испорака е потврда за најдобрите односи на Србија и Русија.

Поповиќ потсети дека Србија се согласи да купи вкупно два милиони вакцини од Русија и оти целата количина на вакцина ќе биде доставена до Србија до крајот на април, се додава во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk