Бившиот премиер и бивши претседател на ДСК Иса Мустафа рекол дека обвинувањата на Вјоса Османи на негова сметка се “за улица“ и не се примерни за функцијата која ја извршува.

Вјоса Османи, изнела остри обвинувања на сметка на Мустафа поради нејзините изјави во врска со договорот за Заеници на српски опшини.

По повод обвинувањата на Вјоса Османи дека бившиот премиер Мустафа и други актери во тоа време кога го потпишале Договор за ЗСО “ги загрозиле односите со меѓународните пријатели“, Мустафа вели дека “државните работи“ не се прават на начин како Вјоса Османи ги толкува.

Мустафа навел дека “договорот кој своевремено го потпишал бил признаен од Уставниот суд на Косово како главен арбитар за прашањето на ЗСО“.

“Документот кој го потпишав 2015. година и тогашниот премиер на Србија Александар Вучиќ запрзнавањето главен арбитар бил Уставниот суд на Косово по прашањето на ЗСО – рекол Мустафа.

Тој навел дека обвинувањата на Вјоса Османи е “улична интерпретација“ која не е примерна за “поединец кој е случајно претседател“.

Мустафа ги повикал косовските претседатели да ја тестираат Србија дали повторно би потпишала документ во кој се признава улогата на Уставниот суд.