Со цел да им помогне на сите оние кои се во угостителството Град Белград донесе одлука да ги ослободи од плаќање закуп сите оние кои користат деловни простории во сопственост на градот, а се ослободуваат од плаќање закуп за мај 2021 година.

Веста ја потврдил и заменик-градоначалникот на Белград Горан Весиќ кој рекол дека на ваква одлука се решиле заради влошената епидемиолошка состојба и неможноста на угостителите да работат.

– Во деловните простори кои се сопственост на Град Белград работи 481 правно лице, односно толку лица се бават со угостителство и на површина од 41 999 квадратни метри. Месечната фактура која ја плаќаат компаниите изнесува нешто повеќе од 45 878 000 динари, но Градот Белград се откажа до овој приход за да им помогне на компаниите кои се бават со угостителство, вели Весиќ.