logo
logo
logo

Ударна вест! ИЗЕТБЕГОВИЌ И ПОСТИВИ УСЛОВ НА РУСИЈА

Vecer | 03.12.2021

Ударна вест! ИЗЕТБЕГОВИЌ И ПОСТИВИ УСЛОВ НА РУСИЈА

Лидерот на Партијата за демократски акции изјавил дека руските воени сили во БиХ можат да дојдат само во состав на ЕУФОР и во склад со она што ќе биде договорено на Претседателство на БиХ и никако поинако.

Коментарирајќи го пишувањето на рускиот весник “Правда“, кој споменува можност од испраќање руски воздушни воени сили во БиХ како помош за Република Српска, Изетбеговиќ навел дека се надева работите нема да одат во таа насока и дека српскиот член на Претседателството на БиХ “нема да ја воведе БиХ во следен турнус на несреќа“.

- Ефектите од таа негова политика можат да се мерат во милијарди и милијарди штета и стотици илјади луѓе да ја напуштат оваа земја. Уште само војска ни треба во БиХ, за Русија да дојде на таков начин – истакнал тој.

“Правда“ во својот текст споменува опција за руска помош на Република Српска, потсетувајќи на тоа дека Русија во БиХ може да испрати воздушни сили, како што тоа го правеле во средина на деведесетите, во својство на меѓународен мировен контингент.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk