Сите ученици од основните и средните училишта во Грција, од денеска се враќаат во училишните клупи, јави дописничката на МИА од Атина, заедно со училиштата, денеска се отворија и забавиштата, а минатата седмица беше соопштено дека на 17 мај ќе се отворат и детските градинки.

Услов за физичко присуство за следење на настава е задолжителна потврда со негативен резултат од направен тест за домашна употреба, односно т.н. селф тест, како и со задолжителна употреба на маски.

Минатиот месец беа отворени само повисоките класови од средните училишта, додека пак денеска, започнува редовната настава и за останатите ученици, по паузата поради рестрикциите и карантинот во земјата

Вчера, неколку часа имаше проблем во системот на сајтот за пријавување на резултатите од тестовите, а според грчките медиуми биле пријавени десетици позитивни резултати.