logo
logo
logo

Убиецот од Цетиње имал жена и три мали деца- сите ги убил

Vecer | 12.08.2022

Убиецот од Цетиње имал жена и три мали деца- сите ги убил

Според информациите до кои дојде Курир, оваа страшна трагедија се случила поради нерасчистени долгови.

Вучко Бориловиќ (34), наводно си го убил целото семејство, а потоа излегол на улица и пукал во минувачите.

-Сè уште сме во шок, не ми се верува што направи. Слушнав дека долг е причина за овој грозоморен масакр. Не бил во добри односи со соседите, ги убил, но зошто и неговата невина сопруга и децата - изјави за Курир видно потресен роднина на убиецот.

Бориловиќ е роден на 21 ноември 1988 година во Цетиње, каде што завршил основно училиште. Посетувал средно училиште за бродска механика во Белград.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk