Уапсени двајца турски војници во Грција

Двајца турски војници беа уапсени денеска во Грција под сомнение дека илегално ја преминале границата, соопшти портпаролот на грчката армија.

Како што наведе тој во изјавата за „АП“, тие биле уапсени долж границата со североисточна Грција.

Грчките медиуми објавија дека за време на нивното апсење се слушнале и истрели но портпаролот на грчката армија ги негираше ваквите наоди во медиумите.

Според него, не е познато како турските службеници влегле во Грција, ниту пак точно се знае каков чин имаат во армијата.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари