Уапсен поранешниот директор на албанските затвори поради корупција

Албанската полиција соопшти дека Арбен Чуко, поранешен генерален директор на албанските затвори е уапсен под обвинувања за корупција.

Чуко, кој истотака беше и екс-пратеник од редовите на владеjачката Социјалистичка партија е уапсен поради сомневања за корупција за време на неговото директорување со затворите. Тој се сомничи дека примал мито во пари и автомобил за трансфер на осуденик.

Албанскиот премиер, Еди Рама осврнувајќи се на случајот порача на „Твитер“ дека нема двослојни стандарди кога се работи за законите.

Агенцијата „АП“ наведува дека борбата против корупцијата е едно од главните полиња на кои Албанија мора да поработи со надеж дека в година ќе ги започне преговорите за членство во Европската Унија.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари