logo
logo
logo

Балкан-кан

Уапсен лажен поп, оџа и надбискуп. Венчавал, погребувал и крштевал секому според потребата и религијата!

Vecer | 17.05.2021

Уапсен лажен поп, оџа и надбискуп. Венчавал, погребувал и крштевал секому според потребата и религијата!

Во Бјелина, Босна и Херцеговина уапсен е С.С. од Рухотина бидејќи лажно се претставувал како поп, надбискуп и оџа и на тој начин се стекнал неколку илјади евра во последните неколку месеци.

Според локалните медиуми, тој со измама остварил профит извршувајќи православни и католички погреби во Федерацијата БиХ.

Претставувајќи се како заменик свештеник, тој осветил вода во селата во Сембер, па дури и крстил две деца.

Истиот човек е обвинет дека се претставувал и како надбискуп во едно херцеговачко село каде што му бил организиран и свечен дочек, а исто така тој извршувал неколку погреби спред муслимански обичаи во околината на Тузла.

Една од измамените лица е Милка од Батковиќ.

"Навистина ми се допадна овој нов поп, да можевте да го видите што убаво пее, му платив  20 марки. Беше чудно што јадеше чварки во време на пост, но мислев дека е само весељак. ” раскажува таа.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk