logo
logo
logo

УАПСЕН ЕКС МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИ: Правел хаос кај соседите, камерите снимиле се!

Vecer | 07.02.2023

УАПСЕН ЕКС МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИ: Правел хаос кај соседите, камерите снимиле се!

Миленко Врачар, поранешен министер за финансии во Владата на Република Српска, е уапсен под сомнение дека кинел автомобилски гуми на соседите, потврди „Независне новине“.

Тој е уапсен од припадници на полициската управа Бањалука, во чии простории моментално се наоѓа Врачар.

Поранешниот министер за финансии во Владата на Република Српска вечерва е уапсен бидејќи им дупнал гуми на автомобилите на соседите во центарот на Бања Лука.

Според информациите, тој во моментов е под кривична истрага од полицијата, каде признал дека го сторил споменатото кривично дело, пишува Српскаинфо.

Како што се дознава, тој бил снимен и од безбедносните камери.

Тој бил уапсен од припадници на полициската управа во Бања Лука, во чии простории моментално се наоѓа, пренесува Независне.

Познато е дека му ги дупнал гумите на претседателот на Основниот суд во Бања Лука.

Фото: илустрација шутер

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk