Во Португалија

Уапсен Црногорец осомничен за шверц на 400 килограми хероин

Четириесетгодишен државјанин на Црна Гора е уапсен во Португалија поради сомнеж дека шверцувал 400 килограми хероин, вреден околу 20 милиони евра

Четириесетгодишен државјанин на Црна Гора е уапсен во Португалија поради сомнеж дека шверцувал 400 килограми хероин, вреден околу 20 милиони евра, Објави подгорички Дан".

Во акцијата, уапсен е и 58-годишен Италијанец.

Кокаинот, со голема чистота, како што наведува весникот, е откриен на брод (едрилица) што доаѓал од Карибите. Едрилицата била запрена од страна на припадници на крајбрежната стража на Португалија. За време на претресот на бродот, на кој биле Италијанецот и државјанинот на Црна Гора, пронајдена е торба со 400 килограми дрога.

Во овој меѓународен шверц, според португалските медиуми, вмешани се и луѓе од Латинска Америка.

Тоа е најголемата заплена на дрога во оваа земја годинава.

Поврзани

Најнови вести

Коментари