Турската полиција отворила оган кон трактор во близина на Парламентот

Турските медиуми објавија дека полицијата отворила оган кон трактор кој поминувал пред зградата на турскиот Парламент, откако возачот ги игнорирал повиците за запирање на возилото.

Весникот „Џумхуриет” вели дека тракторот се движел низ главниот булевар во центарот на Анкара и дека полицијата што го обезбедувала парламентот го повикала возачот да запре.

Приватната турска телевизија НТВ известува дека човекот кој го возел тракторот е погоден во ногата и бил испрашуван од полицијата.

Не е јасно зошто тракторот се движел низ центарот на градот, и тоа токму пред зградата на Парламентот, истакнуваат медиумите.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари