Реџеп Тајип Ердоган:

Турција веќе нема потреба за членство во ЕУ, но нема да се откаже од преговорите

Турција веќе нема потреба од членство во Европската унија, но нема да се откаже еднострано од преговорите за присоединување, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган

Турција веќе нема потреба од членство во Европската унија, но нема да се откаже еднострано од преговорите за присоединување, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

– Ние нема да бидеме државата што ќе се откаже. Ние веќе и немаме потреба за членство во ЕУ, изјави Ердоган.

Турција веќе 12 години води преговори за членство со Европската унија и во последно време тие се во застој. ЕУ е силно критична кон акциите на Анкара по обидот за преврат лани во кои се приведени десетици илјади луѓе.

– Ако сака ЕУ да направи скок напред има само еден начин да го стори тоа. И тоа е - да и одобри членство на Турција и да почне процерс на културен и економски развој, додаде Ердоган.

Поврзани

Најнови вести

Коментари