Објави весникот Хуриет

Турција го зголемува буџетот за одбрана за 40 отсто

Турската Влада ќе го зголеми буџетот за одбрана за 2018 година за 40 отсто на 40,4 милијарди турски лири (11,17 милијарди долари), објави турскиот весник „Хуриет", повикувајќи се на фискалните планови на Владата

Членови на турската Влада минатата недела најавија дека претстојат зголемувања на даноците за да се финансираат нови проекти во областа на безбедноста и одбраната.

Турската армија веќе е ангажирана во Сирија, каде контролира територии во северниот дел на земјата, а од Анкара доаѓаат најави дека размислува и за дополнителни операции во одредени сириски региони, првенствено населени со Курди. Освен тоа, постојат и планови за засилување на операциите против бунтовничката Курдска работничка партија (ПКК).

Турција исто така има намера да ги модернизира воените капацитети, вклучувајќи и развој на оружје од домашно производство.

Неодамна Анкара склучи договор со Русија за купување ракетен систем С-400. 

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари