logo
logo
logo

Црна Гора протера уште шестмина руски дипломати

Vecer | 29.09.2022

Црна Гора протера уште шестмина руски дипломати

Црногорското Министерство за надворешни работи соопшти дека одлуката е донесена поради активностите на руските дипломати, кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и односи на взаемно почитување меѓу двете земји.

Во првата половина од годинава Црна Гора протера шест дипломати, па вкупниот број Руси на кои им е наредено да ја напуштат Црна Гора како непожелни лица сега е 12.

Претходно во текот на денот, како што објавија медиумите во Подгорица, во главниот град биле уапсени неколку црногорски државјани поради сомнение дека се руски шпиони, а меѓу нив, како што пренесуваат медиумите, има и вработени во државните владини институции.

Меѓу уапсените наводно е и долгогодишен вработен во црногорското МНР.

Исто така, според пишувањата на медиумите, полицијата истражила и претресла неколку руски државјани.

Црногорското државно обвинителство сè уште официјално не ги потврдува апсењата, а црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ рече дека станува збор за меѓународна операција која започнала доцна синоќа.

„Активноста беше планирана малку порано и беше активирана синоќа. Утрово се уапсени неколку лица. Во секој случај, се вршат претреси на повеќе локации и се инволвирани повеќе лица. Тоа е меѓународен карактер. Подготвени сме да го заштитиме националниот интерес на Црна Гора во секој сегмент“, рече Абазовиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk