logo
logo
logo

Црна Гора испрати воена помош за Украина

Vecer | 16.05.2022

Црна Гора испрати воена помош за Украина

„Одговарајќи на барањето на Украина за помош во кризната ситуација предизвикана од руската агресија врз таа земја, Црна Гора испрати воена и хуманитарна донација за пријателска Украина“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за одбрана.

Се истакнува дека Црна Гора, во координација со другите европски партнери и сојузниците во НАТО, ќе продолжи да ја поддржува Украина во нејзините напори успешно да одговори на сите предизвици со кои се соочува поради руската воена агресија.

Црна Гора претходно се приклучи на сите санкции што ЕУ ги воведе кон Русија, а по проценката на црногорските безбедносни служби протера вкупно 5 руски дипломати кои беа ангажирани во руската амбасада во Подгорица.

Црногорската амбасадорка во Украина Драгица Понорац пред два дена се врати во Киев, каде во последната недела повторно дојдоа амбасадори на неколку други земји, меѓу кои и на Хрватска, пренесе Индекс.хр.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk