logo
logo
logo

ТРУДНАТА СОПРУГА НА ВЕЉА НЕВОЉА ПОБЕГНАЛА ОД ЗЕМЈАТА: Пред заминување проговорила за ѕверствата на сопругот

Vecer | 03.08.2021

ТРУДНАТА СОПРУГА НА ВЕЉА НЕВОЉА ПОБЕГНАЛА ОД ЗЕМЈАТА: Пред заминување проговорила за ѕверствата на сопругот

Бојана Беливук со децата и во седмиот месец од бременоста заминала за Грција каде што изнајмила куќа.

Пријатели тврдат дека нема да се враќа, како и дека наводно не знаела со што се занимава нејзиниот маж.

Во емисијар ХитТвит на ТВ Пинк пред извесно време емитувана е снимка од разговор на Белиук и Бојана и некогашниот полицаец Драган Секулиќ. На снимката се слуша како се фалеле со лажни пасоши и документи.

Бојана спомнувала патување во Грција и се присетила како Вељко патувал со пасош кој гласел на име Бранко, а се претставил со вистинското име.

Сопругата на Веља Невоља пред извесно време била сослушана во својство на граѓанин. Нејзе полицијата ја затекнала во станот во кој живееле со двете малолетни деца.

- Сопругата има законско право да не сведочи. Наводно кога полицијата упаднала во нивниот стан, во кој се пронајдени околу 30 000 евра, Бојана викала на својот маж, обраќајќи му се со зборовите, “гледај што ни направи“, раскажал тогаш добро упстен извор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk