Одрон

Тројца загинати во одрон на пат близу албанскиот град Лежа

Три млади лица од едно семејство загинаа во одрон на патниот правец Торовица-Малецај кај албанскиот град Лежа

Три млади лица од едно семејство загинаа во одрон на патниот правец Торовица-Малецај кај албанскиот град Лежа.

Според полициското соопштение, во несреќата загинале браќата Едмонд(31) и Валентин(29) и сопругата на Едмонд,Аида Зефи(21),која била бремена.

Жртвите се од селото Рабоште, а патувале со автомобил кон Торовица за да присуствуваат на домашна веселба кај родителите на Аида.

Причина за одронот се обилните дождови во изминатите денови.

Поврзани

Најнови вести

Коментари