logo
logo
logo

Тридневна жалост по незапаметениот масакр во Цетиње

Vecer | 13.08.2022

Тридневна жалост по незапаметениот масакр во Цетиње

Вреден, неконфликтен, дружељубив, но човек кој во последно време значително се повлекол во себе. Вака дел од црногорските медиуми го пренесуваат профилот на 34-годишниот Вук Бориловиќ, кој вчера го зави во црно Цетиње. Мотивите се уште не се познати. Познато е дека злосторниот поход го почнал по семејна расправија, кога со ловечка пушка прво им пресудил на мајка со две деца, кои живееле како потстанари во неговата куќа. Потоа излегол од домот, и почнал неселективно да пука кон се што му се испречило на патот, пријатели, соседи, роднини. Ужасот во населбата Медовина, според дел од црногорските медиуми, траел речиси еден час, во кој тој истрелал околу 100 куршуми. Пукал и кон брзата помош која во меѓувреме интервенирала, пред да биде смртно застрелан.

-Притоа, со употреба на огнено оружје – ловечка пушка, им ги одзел животите на две деца од кои едното на осум, а другото единаесет години и ја ранил нивната мајка, која им подлегнала на повредите во медицинска установа. Потоа излегол надвор и со истото огнено  оружје пукал жители на оваа населба, при што убил уште седум, а ранил шест. , изјави Зоран Брѓанин, директор на црногорската полиција

Од повредените кои се згрижени во болницата во Цетиње еден е во потешка состојба. Веста која молскавично се пренесе во Црна Гора е дека Бориловиќ бил убиен не од полицаец, туку од сосед, кој спречил уште покрвав масакр. Според „Новости“ се работи за Ненад Калуѓеровиќ, кој го убил напаѓачот, кој веќе бил ранет од полицијата. Не е познато како ќе се квалификува делото на Калуѓеровиќ, кое е поздравено од голем дел од јавноста во Црна Гора.  Премиерот Абазовиќ прогласи три дневна жалост од денеска до понеделник.

-Ова е назапаметена трагедија во Црна Гора. Сите сме шокирани. Ги замолуваме граѓаните на Црна Гора да бидат со мислите со семејствата на загинатите. Се молиме за ранетите, од кои некои се за среќа се надвор од животна состојба и еден случај кој е во покомплицирана состојба, да се заврши како што треба. , изјави Дритан Абазовиќ, премиер на Црна Гора

Црногорските медиуми објавија дека повеќекратниот убиец немал криминално минато, а вработен како келнер во Националниот парк Ловќен, имал три деца и сил страствен ловец на дивеч.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk