Трагедија: Ненад (16) седна во автомобилот за да внимава на пијаниот другар, а тој го однесе во смрт

Ненад Ранисављевиќ (16) од Купиново загина во сообраќајна несреќа која се случи кога автомобилот „алфа ромео" со кој управуваше Петар С. (25) директно се судри до „пасат".

Трагедијата се случи прексиноќа околу 23 часа на излезот од Ашања кон Купиново кај Пеќинци. Ненад седел на совозачкото место, а Петар С. кој во сообраќајката е повреден, според неофицијалните информации, бил под дејство на алкохол.

-Слушнавме дека тој ден го купил автомобилот и дека прославувал. Несреќниот Ненад бил со него за да внимава на него зошто имал пиено.. Сакал да спречи несреќа, а ете што се случи, рече еден жител на Купиново.

Тргнале по земички

Боро Ранисављевиќ, дедото на Ненад, вели дека виновник за оваа несреќа е алкохолот.

-Братучедот на Ненад од тетка во Купиново има киоск со брза храна и тој својот пријател Петар С. го испратил да оди во Ашања по месо и земички. Проблем беше тоа што Петар бил пијан. Затоа Ненад седнал со него во автомобилот, да внимава како вози Петар и ете, дојде до несреќа во која Петар преживеа, а Ненад загина, вели Боро.

Во другиот автомобил се наоѓал кумот на Боро, Јован Б. (21).

-Јован утрово излезе од болница. Има крагна околу вратот, но психички е многу лошо. Тој знае дека Ненад загина. Сите тие се од Купиново, сите се знаат. На сите им е многу тешко. Јас скоро излегов од болница поради срцеви проблеми и не знам како ќе ја преживеам оваа трагедија, а не смеам да помислам како им е на родителите на Ненад, Александра и Весна. Утрово бев кај нив. Дојде целото село. Но кој сега да ги теши... Ненад имаше и помлад брат, баба, дедо, прабаба. Сите живееја заедно и сите се во шок, изгубени потполно. Ова е страшна трагедија, вели Боро.

Семејството во шок

Семејството на настраданиот малолетник е во шок по сознанието дека го изгубиле синот.

-Не можеме да веруваме што се случи. Не знам ни што Ненад барал со постарото момче. Тие двајца не се ни дружеа, рече расплаканата баба на детето.

Инаку, за настраданиот Ненад соседите велат дека бил прекрансо дете.

-Тренираше фудбал и одеше во играорна. Беше ученик во средното економско училиште, беше добар ученик и никогаш не правеше проблеми, рече еден од другарите на Ненад.

Поврзани

Најнови вести

Коментари