На твитер е објавено и видео од „нападот по торта“ на кое се гледаат активисти како пред влезот на зграда фрлаат парчиња торта кон Бислими, извикувајќи „Честитки за Заедницата на српските општини“. “Ние, граѓаните на Косово, ќе се спротивставиме и масовно ќе бараме оставка“, му порачаа активистите.

На преговарачка маса е германско-францускиот предлог за решение на косовското прашање, а во него меѓу другото е вклучено и формирање Заедница на српски општини.