ТЛОТО ВО ХРВАТСКА НЕ СЕ СМИРУВА-Два нови земјотреси во Петриња

Тлото во Хрватска не се смирува. Утрово се регистрирани два нови земјотреси со епицентар во областа Петриње.
Првиот земјотрес со јачина од 3,7 степени се случил во 4:55 часот, а вториот во 5:19 часот, според извештајот на Сеизмолошката служба.
Земјотресите биле почувствувани и во Загреб.
Тлото кај Петриња не престанува да се тресе по разорниот земјотрес од 6,2 степени според Рихтеровата скала, кој ја погоди областа на 29 декември минатата година.