Тинејџери од Пакистан ограбувале туристи во Атина

Грчката полиција уапси во Атина двајца тинејџери од Пакистан поради сомнеж дека заканувајќи се со нож, ограбувале туристи и минувачи во близина на атинскиот Акропол.

Полицијата наведе дека Пакистанците, на возраст од 16 и 19 години, биле уапсени минатата недела, додавајќи дека постојат сомнежи оти тие биле дел од поголема криминална група, по чиишто членови се трага.

Пакистанците се обвинети за учество во криминална организација, грабеж и кршење на законите за оружје.

Полицијата се сомнева дека во последните три месеци одзеле мобилни телефони, накит и пари.

Пред неколку дена во Атина беа уапсени шест лица со пакистанско потекло поради учество во слични грабежи.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари