Како што пишуваат српските медиуми, турканиците настанале наводно поради ќебапи, односно поради ниските цени на овој продукт во маркетот.

На снимките се гледа како повозрасна жена се обидува да земе цел пакет ќебапи, додека во исто време ги спречува другите да дојдат до месото.

Маркетот објавил дека има акција во која цената на ќебапите ќе биде пониска. Промотивната цена на ќебапите завршува денеска, а цената за килограм е 319,99 српски динари, или околу 170 македонски денари…