logo
logo
logo

ТЕМПЕРАТУРИ до 44 Целзиусови степени: Грција се подготвува за екстремен топлотен бран

Vecer | 27.07.2021

ТЕМПЕРАТУРИ до 44 Целзиусови степени: Грција се подготвува за екстремен топлотен бран

Грција се подготвува за екстремен топлотен удар со температури кои треба да се искачат до 44 Целзиусови степени во наредните денови, пренесува агенцијата ДПА.

Грчката метеоролошка служба и Националната цивилна заштита издадоа предупредување во понеделникот, додека топлотниот бран се очекува да трае до 8-ми август, што е невообичаено долг период.

Од утре натаму се очекува да биде над 30 степени во текот на ноќта, што е особено тешка состојба за човечкото тело со оглед на тоа што не може да се опорави од топлината.

Друг страв е дека пожарите би можеле да започнат рапидно да се шират низ земјата.

Грција веќе претрпе екстремен топлотен удар во минатото, но временските услови се очекува да ги надминат претходните нивоа во наредните денови.

Во 1987 година, 4.000 луѓе починаа од сличен топлотен удар, кога системите за климатизација сè уште не беа пракса. Посебно погодени беа постарите луѓе во градовите.

Големи делови на полуостровот Пелопонез беа изгорени во 2007 година за време на уште еден топлотен удар и силни ветрови, пришто загинаа десетици луѓе.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk