logo
logo
logo

Тамара сепак признала дека е приведена: Имавме само мала непријатност

Vecer | 18.04.2021

Тамара сепак признала дека е приведена: Имавме само мала непријатност

Грујиќ, која на Косово снима епизода за емисијата “Со Тамара во акција“, рекла за Танјуг дека со нејзината екипа по грешка ја привела Косовската полиција.

Откако во предходната изјава негирала дека е приведена, водителката Тамара Ггујич нешто подоцна признала дека тое сепак се случило.

Имено, Грујиќ, која на Косово снима епизоди за емисијата “Со Тамара во акција“, рекла за Танјуг дека со нејзината екипа по грешка ја привела Косовската полиција, истакнала дека сега се е во ред и дека можат да продолжат со снимање на емисијата.

- Имавме мала непријатност, но важно е дека сега се е во ред и дека можеме да продолжиме да снимаме наши емиси - рекла Грујиќ

Таа се заблагодарила на сите на подршката и грижата која ја изразиле како и на Канцеларијата на Владата на Србија за Косово.

Канцеларијата во Косово предходно објавила дека припадниците на Косовската полиција денес во Вучитрн ја привеле новинарката Тамара Грујиќ, која во јужната српска покраина ја снима емисијата “Со Тамара во Акција“, а после неколку часа е пуштена на слобода.

Директорот на Кацеларијата Петар Петковиќ рекол дека Грујиќ и нејзината екипа, полицијата неколку часа ги држеле во станица, иако не направиле никакво кривично дело, туку само снимиле неколку јавни локации за потребите на емисијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk