logo
logo
logo

ТАХИРИ: Владата на Курти ги врати премините во ПРОТЕКТОРАТ

Vecer | 03.10.2021

ТАХИРИ: Владата на Курти ги врати премините во ПРОТЕКТОРАТ

Бившиот главен преговарач за Косово во дијалог со Србија Едита Тахири, изјавила денес дека Владата на Косово ги втарила независните гранични премини со Србија под меѓународен протекторат.

“Специјалната полиција на Косово се повлекла од двата гранични премини на север и на нивно место дошле припадници на Кфор, спрема договорот од Брисел, а на барање на Србија“, навела Тахири на Фејсбук.

Таа нагласила дека “постои опасност“ северниот дел на Косово да се пртвори во протекторат.

“Ако оваа влада продолжи да биде неспособна во преговорите со Брисел, постои опасност северниот дел да се претвори во протекторат, што е ѓаволски чин на Србија. Потсетувам дека во 2011 година бев главен преговарач и дека со Бриселскиот договор воспоставена е меѓудржавна граница помеѓу Косово и Србија. Ја вративме полицијата и царината на Косово на овие два гранични премини. Но како што глеедате, ние за жал се враќаме во протекторат, додала Тахири.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk