logo
logo
logo

Тага во Цетиње: Погребана е Наташа со двата сина, први жртви на масовниот убиец (ВИДЕО)

Vecer | 14.08.2022

Тага во Цетиње: Погребана е Наташа со двата сина, први жртви на масовниот убиец (ВИДЕО)

Освен семејствата Мартиновиќ и Пејовиќ, што е моминско презиме на несреќната Наташа, од нив се прости и градоначалникот Никола Ѓурашковиќ и бројни граѓани на Цетиње.

Милош Мартиновиќ со трогателна порака се прости од сопругата Наташа и двата сина кои Вук Бориловиќ ги уби на Цетиње.

„Ти благодарам за се што направи за Машан и Марко. Се обиде да ги спасиш од ѓубрето што ве уби ни криви ни должни. Цел живот се бореше за нив и сега сте повторно заедно“, пишува во некрологот што го објавил таткото и сопруг.

Во Цетиње утрово во 10 часот се одржа комеморација за трагично загинатите сограѓани во масакрот што се случи во петокот. На комеморацијата присуствуваа роднините и пријателите на убиените граѓани на Цетиње, претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, премиерот Дритан Абазовиќ, градоначалникот на Цетиње Никола Ѓурашковиќ, пишува Курир.

Вук Бориловиќ, да потсетиме, во петокот уби 10 сограѓани, а шестмина од нив рани пред самиот да биде убиен.

Според медиумите пукањето траело повеќе од 45 минути. Во крвавата драма тој по случаен избор со ловечка пушка пукал во станари, соседи, екипа на Итната медицинска помош и припадници на полицијата кои дошле на местото на пукањето, како и во случајни минувачи.

Вториот ден по масакрот, улиците на Цетиње се празни и пусти, а во Црна Гора е ден на жалост.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk