Советот на Апелацискиот суд при Специјалниот суд ја одби жалбата на поранешниот лидер на ОВК Хашим Тачи против одлуката на судијата во претходна постапка да му одреди притвор.

Како што се наведува, Тачи не успеал да докаже зошто прелиминарната одлука била неразумна кога станува збор за ризикот за негово евентуално привремено ослободување.

Обвинението на Тачи, кое е потврдено на 26. октомври 2020 година, го терети за кривични дела за воени злосторства и злосторства против човештвото, а обвинети се Кадри Весејли, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи. Сите се изјасниле дека не се виновни по обвинувањата. Тие се уапсени 5. ноември 2020. година, кога се префрлени во притвор во Хаг.