logo
logo
logo

ТАЧИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР, одбиено барањето да се брани од слобода

Vecer | 24.07.2021

ТАЧИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР, одбиено барањето да се брани од слобода

Специјалниот суд му го продолжил притворот на бившиот претседател на Косово Хашим Тачи, а одлуката денес ја донел претпретресен судија Николас Гију.

Францускиот судија ја игнорирал гаранцијата на две држави за пуштање на бившиот претседател од притвор.

Во својата одлука, судијата Гију и наложил на одбраната на Тачи да достави аргументи во врска со следната ревизија на притвор до 31 август.

Адвокатот на Хашим Тачи, Грегори Кихо, испратил до Специјалниот суд молба за пуштање на бившиот претседател од притвор, а во поднесувањето навел и детали за понудената гаранција за Тачи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk