Тачи: Дијалогот Белград-Приштина ќе продолжи без размена на територии

Говорејќи во рамките на прес-конференција со заменик-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Вес Мичел, претседателот на Косово, Хашим Тачи, изјави дека дијалогот за нормализирање на билатералните односи меѓу Белград и Приштина ќе биде завршен во согласност со Уставот и законите на Косово, што исклучува поделба, размена на територии или автономија, објавува електронското издание „Газета Експрес“.

Зборувајќи за дијалогот помеѓу двете земји, под покровителство на Европската унија, Тачи изрази уверување дека разговорите ќе доведат до помирување врз основа на европскиот дух и со почитување на територијалниот интегритет на земјата.

„Косово не прифаќа поделба, размена на територија или автономија“, категоричен е Тачи.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари