Тачи : Без договор со Србија нема да имаме решение за Косово

Косовскиот претседател Хашим Тачи на заедничката прес-конференција со премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, порача дека нема да се постигне решение за Косово без договор со Србија.Тој рече дека Косово ќе направи демаркација, 430 километри меѓу Србија и Косово.

„Да бидеме реални, Косово ќе направи демаркација на 430 километри со границата со Србија и јас сум многу горд на овој процес. Договор меѓу Косово и Србија, ќе биде многу тешко да се постигне, ќе биде во духот на мултиетничност. Косово има со Србија специфично прашање, ова ќе биде комплексен процес, нема да има лесни дебати, но за нас е единствен пат кој треба да го преземеме“ изјави Тачи.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари