logo
logo
logo

СВЕТСКИТЕ МЕДИУМИ БРУЈАТ, НАВАЛА НА СРБИЈА! Колони возила на влез во земјата, жителите од регионот насочени кон Белград за вакцинирање

Vecer | 28.03.2021

СВЕТСКИТЕ МЕДИУМИ БРУЈАТ, НАВАЛА НА СРБИЈА! Колони возила на влез во земјата, жителите од регионот насочени кон Белград за вакцинирање

Илјадници граѓани од земјите во регионот патуваат за Белград откако српската влас понудиле на странци бесплатно вакцинирање против корона за време на викед, пипува АП.

Агенцијата наведува дека пред центарот за вакцинација на Белгратскиот саем “формирани се долги редици“ на граѓани од БиХ, Црна Гора и Македонија, во присуство на полиција.

Од босанскохерцеговскиот авто-мото клуб соопштиле дека од рано наутро голема гужва на четири најфрекфенти гранични премини кон Србија, каде што пред белгратскиот саем се создадени големи редови, во кои стотина граѓани на БиХ чекаат за вакцинација.

Повеќето од соседите на Србија имаат проблем со недостаток или некои и воопшто немаат вакцини, едвај започнале со имунизација на жителите, додека Србија “има доволнно залиха и е една со највисок степен на вакцинирани во Европа“, наведува АП, со потсетување дека владата на Србија донирала вакцини на Македонија, Црна Гора и БиХ.

Србија е со најголема стапка на вакцинирани во Европа, благодарение на купување големи количини на вакцини од Кина и Русија, но исто така Србија ги користи вакцините и на компаниите Pfizer/BioNTech и AstraZeneka, пренесува АП.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk