logo
logo
logo

МЕГА СКАНДАЛ ВО БУГАРИЈА

Сведоштво на бизнисмен: За роденден на Борисов му се праќаа старлети, а му се подаруваа златни прачки

Vecer | 07.05.2021

Сведоштво на бизнисмен: За роденден на Борисов му се праќаа старлети, а му се подаруваа златни прачки

Мега-скандал избувна за време на состанокот на привремениот парламентарен одбор на Бугарија во средата (5 мај).

Еден од најголемите земјишни барони во Бугарија, Светослав Илчовски, даде откритија за притисокот од мафијашки тип, извршен врз него од страна на луѓето од владејачката партија и за сумите што им ги дал за да си го обезбеди бизнисот.

Најскандалозниот дел беа неговите откритија за тоа што стои зад фотографиите со фиоки полни со снопови од 500 евра и златни прачки на премиерот во заминување Бојко Борисов. Бизнисменот тврди дека има снимка на која се гледа кој ги правел фотографиите – позната старлета – и тврди дека златните прачки и девојката биле подароци за роденденот на Борисов. Бизнисменот рече и кој ги дал подароците – двајца богати бизнисмени.

Минатиот јуни, анонимен испраќач на е-пошта протече до медиумите фотографија на која Борисов спие во својата спална соба во официјалната државна резиденција во Бојана со пиштол на ноќната маса.

Другите фотографии покажаа фиоки полни со снопови од банкноти од 500 евра и неколку златни прачки, во просторија која се чини дека е истата спална соба. Иако Борисов никогаш не ја негираше автентичноста на фотографиите, обвинителството не покрена обвинение против него.

Илчовски им се претстави на пратениците како голем земјопоседник – сопственик на 15.000 хектари земја. Тој започна да купува земјиште пред 17-18 години, тврдејќи дека никогаш не бил вклучен во проекти на ЕУ.

Тој рече дека луѓето од партијата ГЕРБ на Борисов започнале да го рекетираат во 2012 година, велејќи дека тој им плачал „700-800 илјади лева годишно (350.000-400.000 евра). Како и да е, заработувам 10 милиони (годишно), им ги дадов овие пари за мир“, објасни Илчовски.

Најскандалозниот дел од приказната на бизнисменот, сепак, се однесуваше на содржината на два видео записи и неговата приказна за три забави на кои присуствувал Борисов – во 2017, 2018 и 2019 година.

Тој рече дека на ваквите состаноци било решено ако некој бизнисмен не плаќа ќе биде изгорен. На една од овие средби било пуштено видео во кое познат бизнисмен од Карнобат се гледа дека е во затвор и како го силуваат затвореници.

Но, имаше уште едно видео, рече тој. „Видеото е за една млада жена што сите ја бараат во Бугарија. Позната старлета, таа работи како девојка на повик. Таа беше испратена во служба кај премиерот и таа го фотографираше“, им рече бизнисменот на пратениците. Златните прачки, рече тој, биле подарок за роденденот на Борисов.

Илчовски рече дека видел еден од бизнисмените, со прекар „Кокошката“, како му дава на Борисов мала прачка. Но, друг бизнисмен му подарил поголема. Кога Борисов даде иронични забелешки за малата прачка, „Кокошката“ му даде на Борисов уште две златни шипки. (Еурактив)

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk