logo
logo
logo

СВАДБА КАКО ЕКСПЕРИМЕНТ ќе се одржи во Хрватска, ама има 4 УСЛОВИ

Vecer | 13.05.2021

СВАДБА КАКО ЕКСПЕРИМЕНТ ќе се одржи во Хрватска, ама има 4 УСЛОВИ

Хрватска организира пробна свадба, која треба да покаже дали можат да се одржат настани без мерки на физичко растојание. Како што е соопштено свадбата ќе се одржи оваа сабота во Загреб.

Храната и пијалоците ќе бидат бесплатни за сите гости, но под посебни услови - сите присутни мора да бидат вакцинирани или да ја поминале болеста или да направат негативен тест за коронавирус.

Резултатот по „пробната венчавка“ ќе биде основа за создавање идни епидемиолошки рамки во Хрватска за слични настани.

На овој настан може да има најмногу 150 гости, а ќе изгледа како и сите други свадби - ќе трае од 20 часот во сабота до раните недела наутро, додека потрошувачката на храна и пијалоци за оваа специјална церемонија ќе биде бесплатна за секого.

Постојат четири услови што треба да ги исполнат оние што ќе бидат на оваа пробна венчавка во сабота: мора да се вакцинирани против корона вирус со втора доза на вакцина, најмалку 14 дена пред настанот,  да имаат потврда дека прележаале коронавирус во последните 180 дена или имаат негативен брз или PCR тест во рок од 48 часа пред почетокот на настанот, односно тие мора да се согласат на задолжителен тест во  Хрватскиот институт за јавно здравје. И секој присутен ќе биде тестиран за присуство на вирусот по венчавката.

Вицепремиерот на Хрватска и шефот на Националниот штаб за цивилна заштита најавија можно олеснување на епидемиолошките мерки од 1 јуни.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk