logo
logo
logo

Суспендиран полицаец ја убил Ана пред нејзината зграда - две малолетни деца останаа без мајка

Vecer | 18.05.2021

Суспендиран полицаец ја убил Ана пред нејзината зграда - две малолетни деца останаа без мајка

Полицијата во Ваљево интензивно трага по лицето кое вчера во утринските часови пред зграда во која живеела 34-годишната Ана И., мајка на две малолетни деца.

Убиството се случило во населбата Пети пук, а несреќната жена била убиена кога тргнала на работа.

Постои сомнение дека убиството го направил нејзиниот поранешен емотивен партнер, на кој поради семејно насилство му била изречена мерка забрана за доближување.

Како што неофицијално дознава Курир.рс, станува збор за 52-годишниот М.М,

Извори на Курир.рс наведуваат дека жртвата во два наврати го пријавила поранешниот партнер поради насилство и прогонување.

-Во два наврати му беа изречени мерки за забрана за доближување. Кон крајот на 2019 година, кога поради тоа беше уапсен. Иако обвинителството побара да му биде одреден притвор, Основниот суд во Ваљево го пушти на слобода и му изрече условна казна. Тогаш против него полицијата покрена дисциплинска постапка и му го одзема оружјето. Втората мерка му беше изречена на почетокот на оваа година, кога поради семејно насилство и прогонување, кое го пријави Ана, повторно беш уапсен и во Основниот суд потпиша договор за признавање на вината, исто така брзо беше пуштен на слобода, со условна казна во трање од три години и забрана за приоѓање на жртвата - наведуваат блиски извори за Курир.рс

Убиената жена била разведена и мајка на две малолетни деца.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk