logo
logo
logo

Стрико на Никола Јокиќ меѓу приведените поради трагедијата на железничката станица во Нови Сад

Vecer | 01.08.2025

Стрико на Никола Јокиќ меѓу приведените поради трагедијата на железничката станица во Нови Сад

Синиша Јокиќ, стрико на светскиот кошаркар Никола Јокиќ, се најде на списокот на лица за кои е издаден налог за апсење во рамките на истрагата за несреќата кај железничката станица во Нови Сад.

Полицијата ја спроведува оваа акција по налог на Јавното обвинителство за организиран криминал. Во текот се приведувања на повеќе лица поврзани со овој случај.

Јокиќ важи за долгогодишен член на Српската напредна партија и има истакнува улога во јавниот живот на Нови Сад. По професија е историчар, а од 2016 до крајот на октомври 2024 година ја извршуваше функцијата директор на Заводот за заштита на споменици на културата во Нови Сад. На 27 октомври даде оставка, само четири дена пред трагедијата на железничката станица.

Во текот на неговиот мандат беше покрената реконструкција на голем број фасади и историски значајни објекти во градот. Реновирањето на старите згради беше промовирано како еден од најважните урбанистички проекти, при што Јокиќ беше означен како една од клучните личности во процесот.

По оставката, Јокиќ беше распореден како кустос во Музејот на градот Нови Сад. Неговото име сега се споменува во контекст на сериозна истрага за евентуални пропусти во инфрастуктурните проекти на железничката станица, вклучително и периодот кога бил одговорен за заштита на културното наследство во градот.

Извор: danes.rs

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk